МЗ: 10 новозаразени и 1 починат од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 10 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5 случаи во Скопје, 4 во Тетово и 1 во Битола.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа починало едно лице на 64 години во Струмица.

Регистрирани се и 5 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 3 и по 1 од Крива Паланка и Берово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.960 тестови.