Двајца починати и тројца новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 2 лица, еден од Скопје на 76 години и еден од Куманово на 75 години.

Исто така, од МЗ информираат дека во последните 24 часа се потврдени 3 нови случаи на Ковид-19 во Скопје.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2 и по 1 од Тетово, Неготино и Виница.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.601 тест.