МЗ: 25 починати, 234 новозаразени и 786 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 25 лица.

Починале 10 лица од Скопје (46г, 60г, 64г, 65г, 67г, 67г, 70г, 71г, 74г и 75г), по 2 лица од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по 1 лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 234 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 83 случаи во Скопје, 27 во Куманово, 16 во Битола, 14 во Тетово, 13 во Струмица, по 9 во Штип и Виница, 7 во Кичево, по 6 Прилеп и Велес, по 5 во Гостивар, Струга и Кочани и 4 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Охрид.

Потоа, регистрирани се по 3 случаи на Ковид-19 во Радовиш, Крушево и Демир Хисар, по 2 во Пробиштип, Богданци и Демир Капија и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево.

Регистрирани се 786 оздравени пациенти, односно, Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен – по 9, Богданци – 5, Виница – 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево – по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 734.904 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.907 тестови.