МЗ: 21 починат и 395 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 6 лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 лица од Велес (71г и 66г) и по едно лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа се потврдени 395 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 177 случаи во Скопје, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2 и по 1 од Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар и Виница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2 и по 1 од Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирањана Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.595 тестови.