МЗ: 19 починати и 27 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 19 лица.

Починале 7 лица од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г) и по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 27 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 19 случаи во Скопје, по 2 во Прилеп, Штип и Виница и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Струга и Кочани.

Регистрирани се 192 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2 и по 1 од Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.314 тестови.