МЗ: 13 починати и 53 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале 5 лица од Скопје (51г, 63г, 68г, 81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г, 74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 53 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 29 случаи во Скопје, 7 во Прилеп, 4 во Куманово, по 2 во Битола, Гостивар, Охрид и Кичево и по 1 случај е регистриран во Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти, односно од Скопје – 48, Прилеп – 10, Куманово, Битола и Радовиш – по 8, Кичево – 7,Дебар – 5, Штип – 3, Кавадарци и Ресен – по 2 и по 1 од Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 785.345 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.691 тестови.