МЗ: 13 починати и 14 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица. Починале по 3 лица од Скопје (61г, 76г и 86г) и Гостивар (63г, 69г и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г). Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Од МЗ исто така информираат дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а дека се потврдени 14 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 10 случаи во Скопје и по 1 случај во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од, односно од Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2 и по 1 од Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.