МЗ: 10 починати и 156 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 10 лица. Починале 4 лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г).

Во последните 24 часа потврдени се 156 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 91 случај во Скопје, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2 и по 1 во Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 326 оздравени пациент, односно од Скопје – 135, Куманово – 30, Кавадарци – 23, Штип – 21, Битола и Крива Паланка – по 18, Прилеп – 17, Велес – 14, Кочани – 11, Тетово, Кратово и Неготино – по 6, Пробиштип – 5, Богданци и Виница – по 3, Кичево и Гостивар – по 2 и по 1 од Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.309 тестови.