Осум починати и 214 новозаразени од Ковид-19 – активни се 2.126 случаи

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 214 нови случаи на Ковид-19.

Регистрирани се 135 случаи во Скопје, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2 и по 1 случај во Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница.

Од вкупниот број позитивни – 214, регистрирани се 33 реинфекциии.

Во текот на изминатите 24 часа, починале 5 лица, односно по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.

Од вкупниот број починати лица – 8, кај 7 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 96 оздравени пациенти, односно од Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2 и по 1 од Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.937.970 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 2.133 тестови.