Музички настап на „heart on sleeve“ и Хана Корнети вечерва во СЦ Дуња

Музичкиот состав „heart on sleeve“ и Хана Корнети вечерва, на 30 април ќе настапат во скопскиот социјален Центар Дуња. Со почеток во 20 часот, настапот е почеток на музички караван кои понатаму ќе продолжат во Битола и Куманово.

„heart-on-sleeve“ е емо/поп-панк/шугејз бенд од Битола составен од Маријана Николовска (вокал и гитара), Стефан Апостоловски (гитара), Александар Петровски (бас) и Бојан Станиќ (тапани).

„Во нивната музика, емотивните гитарски делници се прелиени од лебдечкиот вокал на Маријана, и сето тоа е сервирано врз подлога од гласни и жестоко отсвирени бас и тапани, создавајќи меланхолично-утешителна мешавина која плени со нејзината непретенциозност“, велат од Дуња.

Оттаму дополнуваат дека музиката на бендот ќе им биде посебно интересна на фанови на „Citizen“, „Sunny Day Real Estate“, “The Get Up Kids“, „Superchunk“, „Ride, Mixtapes“ и „Have Mercy“.