Музичка порака од Здружението на музички педагози до Министерката за образование

Здружението на музички педагози преку музичка видео порака упати апел до Министeрката за образование и наука, Мила Царовска, да не се кратат часовите по музичко со новата концепција за образование. Новата концепција предвидува интегрирање на научни дисциплини, помалку задолжителни, а повеќе изборни предмети, повеќе време во училиште и фокус на формативно наместо сумативно оценување. Исто така предвидува комбинирање на повеќе научни дисциплини, при што се планира предметите музичко и ликовно да се здужат во предмет – уметничко образование.

Коментари, предлози и сугестии за новата Концепција за основно образование можат да се пражаат до 20 јануари 2021 година, се наведува на интернет страницата на Министерството за образование и наука. Предлозите за подобрување на документот треба да се испратат на мејл адресата – koncepcija@mon.gov.mk. Нацрт-концепцијата е достапна на сајтот на МОН на македонскиалбанскитурскибосански и српски јазик.