„Мрдни со прст“ и паркирај го правилно својот автомобил

Со герила-акција минатата недела „Мрдни со прст“ ги размрда возачите во Гостивар и во Тетово и ги потсети за нивната одговорност за безбедноста и редот во сообраќајот.

Поттикнати од поплаките и коментари за воведување ред во сообраќајот поради непрописно паркираните возила, активистите на „Мрдни со прст“ излегоа на терен. Сите несовесните возачи кои несоодветно се паркираат беа обележани со црвени линии и им беше оставана порака дека безбедност во сообраќајот е одговорност на секој граѓанин.

Пораката беше „Време е да дигнеш рачна бидејќи градот не e еден голем паркинг!“ , а акцијата натера дел од возачите да се препаркираат на соодветни паркинг-места.

Со овој настан, „Мрдни со прст“ продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени што се во доменот на секој поединец. „Tи си на потег“, како слоган на кампањата.

Од иницијативата ги повикуваат сите граѓани да дадат своја идеја, да се вклучат и да реализираат активности со кои ќе го подобрат животот во заедницата.