Младински дискусии – На кого останува борбата за климатска правда

На кого останува борбата за климатска правда – на младата индивидуа или на младото општество?!

Дали се виновни неодговорните одлуки и чекори на индивидуата или неодговорните одлуки на општеството во целост, како една индивидуа може да прави еколошки свесни чекори, дали сме на добар пат во долгата борба кон еколошка револуција?

На овие прашања, во новата младинска дискусија, водителките Ана Илиева и Калина Качоровска разговараа со Ева Стојчевска и Васил Ханџиски, двајца средношколци, еко-активисти и волонтери во организацијата „Go green“.

Со ова, Радио МОФ се приклучува кон кампањата „Разбистри сè“ и во наредниот период ќе може да проследите и учествувате во Младински дискусии на тема екологија, зачувување на животната средина и разбистрување.