„Млада креативна Битола“ во четврток во КИЦ-Битола

Овој четврток (27 април) од 11 часот на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола за првпат ќе се одржи празникот на креативноста „Млада креативна Битола“.

На настанот ќе учествуваат ученици од основните и средни битолски училишта со свои креативни презентации од областа на поезијата, прозата, ликовната уметност, музиката и бројни други креации создадени од младите под менторство на нивните професори и наставници.

Овој настан е дел од меморандумот за соработка кој КИЦ-Битола и претставниците на средните битолски училишта го потпишаа пред два месеци, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.