МКЦ ги објави датумите за „Здраво млади 11“

Младинскиот културен центар ги објави датумите за 11-тото издание на „Здраво млади“. Годинава, фестивалот ќе се одржува на 26 и 27 август во МКЦ паркот.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени и првите извадувачи, а ќе бидат пуштени во продажба и early bird билети.

Во меѓувреме, за официјален дизајн на фестивалот е избран на Катја Штркова, додека втората и третата награда им припадна на Воскресија Андреевска и Весна Арангеловиќ. На конкурсот пристигнале над 100 дизајни од 94 дизајнери.

Zdravo Mladi 11 е официјално закажан за 26 и 27 август 2021!

Ви благодариме на сите што испративте дизајн за…

Posted by Младински Културен Центар on Tuesday, March 30, 2021

Минатогодишното издание на фестивалот „Здраво млади“, се реализираше под посебни протоколи поради корона-кризата.

Покрај сите тековни проблеми, скратена и прекројувана музичка агенда, програмско пореметување, принудно одложување на настапи на „Виагра бојс“ и „Шопинг“, сепак тимот на МКЦ смогна сили и труд да го изведе јубилејното „Здраво млади“ во својот Парк.