„МИТ Универзитет“ избира најкомплетен матурант

Утре (5 мај) со почеток во 13 часот „МИТ Универзитет“ во Скопје го организира завршниот настан од проектот „МИТ Универзитет го избира најкомплетниот матурант во РМ“.

Овој проект „МИТ Универзитет“ го спроведуваше изминатиот период во осум поголеми региони од земјава од каде се избрани вкупно 24 финалисти, како и тројца финалисти од Скопје.

Во сабота, вкупно 27 финалисти ќе се борат за комплетни тригодишни и делумни – дво и тро годишни стипендии за студирање на еден од факултетите на МИТ Универзитет, по избор на натпреварувачите.