Министерство за образование и наука објави конкурс за стипендии за редовните студенти

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување на стипенди за редовните студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни институции за студиската 2014/2015 година.

конкурс за стипендии

Стипендиите се поделени во три групи.

а) Прва група – 1.500 стипендии за студенти од социјални категории.

б) Втора група:

– 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за  студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех;

– 125 стипендии (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за  студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;

в) Трета група – 650 стипендии  (620 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за  студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат условите    да се редовни студенти, да не повторувале година во текот на студирањето, да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании, студентите во II-та  студиска година да не се/биле постари од 22 години и да се државјани на Република Македонија.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 20.11.2014година до 04.12.2014година.

При електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат сите потребни документи од точка III на овој Конкурс, за да можат во електронската пријава да ги внесуваат податоците од документите.

Целиот конкурс може да се види на овој линк.