Меур со ароматични растенија наместо маска за лице – белгиски уметник создаде преносна оаза

Белгискиот уметник Ален Вершуерен создаде „Преносна оаза“ како заштита од Ковид-19. Станува збор за меур полн со рузмарин, лаванда и мајчина душица, наместо маска за лице, пишува Индепендент.

Оазата е „мини-стаклена градина од плексиглас“ што се потпира на рамото, покривајќи го лицето во „меур со прочистен воздух од ароматични билки и растенија“.

61-годишниот уметник ја разви идејата пред 15 години и неодамна привлече внимание поради пандемијата.

„Се работеше за создавање меур во кој можев да се заклучам, да се отсечам од светот што го чувствував премногу досаден, премногу бучен или миризлив“, вели Вершуер, кој има астма и смета дека дишењето преку маска за лице е тешко.

„Како одминуваше времето, забележав дека луѓето доаѓаат кај мене и зборуваат со мене. Оваа изолација стана многу повеќе начин за поврзување “, додава тој.