Метални скулптури ги спасуваат гребените околу Фиџи

Крајбрежјата на островите Фиџи се опколени со метални скулптури кои поставени на дното се опколени со корали. Уметничките дела се пионерски обид за конзервација за да се прошират и реставрираат коралните гребени кои се под опасност од избледување поради зголемената температура на водите.

Инсталацијата, која е изградена на нер’ѓосувачки челик кој се употребува и во производството на водни превозни средства, се состои од 137 метални склуптури кои вдомуваат 30 различни видови на корали.

Скулптурите се дизајнирани да ги рехаблитираат коралите и да соберат генетски материјали од организмите со цел да се создадат варијации кои ќе бидат поиздржливи на климатските промени.

Непрофитната организација „Counting coral“ ја опишува својата работа како создавање на првата банка од корали.

Основачот на организацијата Џојлон Колиер вели дека во текот на 13 години од својата работа, го засведочил влијанието од белеењето на коралите.

Климатските промени и растот на температурите на океаните се закана за коралните еко-системи. Според Колиер, скулптурите служат како банка за генетски материјали од корали, кои еден ден ќе може да се употребат за креирање на „суперкорали“.