[Фото] „Добро.подобро.ЧИСТО!” – уметнички проект на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски

„Добро.подобро.ЧИСТО!” е едукативно-уметнички проект кој со употреба на фотографскиот медиум во изминатиов период го реализираа уметниците Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски во соработка со скопските гимназии „Никола Карев” и „Јосип Броз Тито”.

Преку повеќе активности како фотографирање во екстериер, работилница за цијанотипии, работилница со арт терапија и изложби, проектот има за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје. Освен тоа, како што информираат уметниците, со проектот тие целат и кон поддршка на проактивниот однос на поединецот кон општествените предизвици со кои се соочуваме денес.

Проектот е дел од новиот проект „Arts Hub“ на КСП Центар Јадро кој ќе се реализира приодот 2023/24 година, со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.