[Галерија] Започна обвиткувањето на Триумфалната порта во чест на Кристо

Зафатот ги комбинира уметноста и инженерството, со цел да се исполни сонот на починатиот уметник Кристо и неговаа сопруга, пренесува „Гардијан“.

Триумфалната порта во Париз ќе биде обвиткана со материјал долг 25.000 метри. На зафатот работат 95 работници, а се употребува рециклирачки материјал.

Приказната за овој зафат започнува во 1962 година, кога Кристо и неговата сопруга Жан-Клод купуваат стан спроти портата.  Тој заедно со неговата сопруга работат под името Кристо. Бугарскиот креатор на монументални, јавни уметнички дела и неговата сопруга го посветија животот на нивната уметност која не остава траги.

Познати по обвиткување на Рајхстагот со платно,тие оставиле детален план за тоа како треба да изгледа обвитканата порта.

Тие никогаш не го оствариле својот сон бидејќи сметале дека нема да ги добие потребните дозволи. Идејата се обновила кога во 2017 година во Париз била отворена изложба на Кристо, а потфатот бил одобрен од париските градски власти, како и Центарот за споменици.

Проектот чини 14 милиони евра, но средствата не се собрани од јавни буџети, туку од продажбата на дела на Кристо.

Обвитканата Триумфална порта ќе биде официјално отворена на 18 септември, а платната ќе бидат тргнати на 3 октомври.

[Галерија] Кристо, уметникот кој го обвитка Рајхстагот со алуминиум, почина на 84 години