„Месец на науката“ цел април на ПМФ

Македонското друштво на студенти физичари во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози и Клубот на студенти хемичари, со почеток на 1 април, организираат низа научни настани и предавања, под името „Месец на науката“.

„Ви овозможуваме необично и ретко патување низ светот на науката. Ќе имате прилика, секој викенд, од 1 до 23 април да присуствувате на нашите предавања со кои ќе се запознаете со полето на истражување на трите организации. Бидете подготвени да ги проширите своите знаења од областа на: астрономија, квантна физика, оптика, еволуција, применета хемија и многу експерименти!
Бидете дел од месецот на наука на Гази Баба-Science Club“, велат студентите-организатори.