„Јас сум единствена, како што е единствен и мојот град, како што единствен и ти…“
„Јас секогаш мислам дека сум си дома. Каде и да одам јас сум дома. Престанете да поставувате прашања“.
„Не брзајте… Почекајте…Чувствувајте..“
Во во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје денеска (29 октомври) од 20 часот премиерно ќе биде изведен театарскиот перформанс „Малата принцеза од Скопје“.
„Малата принцеза од Скопје“ е авторски проект на актерката Енџи Николоска. Една поинаква алтернативна визија со вметнување на сценски движења, етнолошки елементи, моменти од нашето секојдневие-сместени во една приказна за девојка од Скопје.
„За девојката која е гласот на општеството. Доближување на секојдневна приказна, за која не се зборува отворено. За односите во семејството, со блиските, згодите и незгодите во општеството, за она што нè опкружува и како тоа влијае на нас. Нас-младите, нас-луѓето, тие што се чувствуваат младо… Преку поинаков начин на изразување до позитивен прогрес во општеството, во ‘нашиот дом’. Овој проект придонесе дополнителен развој и себеистражување на поединците во екипата. Дали кршењето на табу темите се храброст или потреба?“, стои во најавата за перформансот.
Авторка и актерка: Енџи Николоска, драматург: Христијан Крстевски, сценски движења: Милена Манева, музиката за перформансот ја направи Дина Јашари, сценограф и костимограф: Ведран Манев, благодарност до Ангелина Цветковска.
Учесници/Соработници (од неколку земји: Словенија, Хрватска, Романија, Полска, Ерменија, Русија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Црна Гора..)
Tilen, , Nikola, Vladut, Denise, Krzysztof, David, Nora, Elisabeth Bächle, Renata Brice, Tajra, Leonarda, Johnny, Mici, Hakan, Lara, Eldin, Andjela, Emine, Goran & Magi.
Продукција АВАНГАРТ. Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на РСМ и ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје.