Македонскиот уметник Менсур Бојда учестува на интернационална изложба во Њујорк

Уметникот Менсур Бојда учестува на групната интернационална изложба „Personal Identity Matter“, која е поставена во галеријата „MC“ во Њујорк. Изложбата беше отворена на 1 февруари, ќе трае во текот на месецов, а на неа се претставуваат 18 уметници од Америка, Јужна Кореја и Македонија.

Менсур Бојда потенцира дека оваа интернационална изложба се прикажува секоја година на Менхетн, како и во Сеул, Кореја. Ова е четврто учество на ваков вид на групни изложби на кои имал прилика да ја презентира неговата работа. Тој смета дека е од витално значење како автор кој односно запознава една нова арт сцена, но не било која, на овој начин да биде инволвиран во неа.

„Човечките односи и споредувањето со другите во секојдневниот живот ни помага да го оформиме нашиот персонален идентитет. Оваа изложба ја користи уметноста како алатка за разбиранје на овие релации и сличности и ја истражува нашата персонален идентитет надвор од бариерите наметнати од страна на религиите или етнички позадини“, стои во описот за изложбата.

Уметникот потенцира дека филозофската, културолошка и уметничка размена помага да прогресираат од љубопитноста и предрасудата до експериментирање. Оваа групна изложба ќе служи како „лабораторија во која ќе пронајдеме дека нашиот вистински идентитет и реалност постојат во самите нас“.

„Проблематиката на персоналниот идентитет секако има глобален опсег, но можеби една од средините која активно и успешно се справува со тоа секако е Њујорк. Идејата на овој експеримент кој и ден денеска постои и расте, експеримент на соодност и хармонија помеѓу сестраноста и  диференцијалноста е токму во нејзината егзотичноста. Оттука, разликите постојат само во самите нас“, вели Бојда.

 Б.Ш.