Македонски кратки играни филмови утре во Буква

Утре (петок), со почеток во 18 часот во „Буква“ продолжува проекцијата на македонски кратки играни филмови според селекција од истоименото издание на Кинотека на Северна Македонија.

Организаторите посочуваат дека на репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.

Во „Буква“, тие велат дека може редовно да се најдат сите изданија на Кинотека, како и некои реткости за кои тековно известуваат.

Ова е втор ваков настан во кафе-книжарницата „Буква“. Претходно беше организирана уште една проекција на кратки играни филмови.