Македонски кратки играни филмови денес во „Буква“

„Сабота во 18:00 е новото нормално за филмофилите во Скопје – следете ја саботната филмска програма во ‘Буква’“.

Вака кафе-книжарницата „Буква“ го најавува денешниот саботен настан, каде ќе се  прикажуваат македонски кратки играни филмови според селекцијата од истоименото издание на Кинотека на Македонија. На репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.

Од „Буква“ велат дека Кинотека е најважната филмска институција во државата и место каде што се чува и прикажува најдоброто од светската и македонската филмска продукција.

„Затоа ни е драго што од денес ги имаме сите изданија на Кинотека на нашите полици. Деновиве се на ‘тапет’, па бујрум да ги разгледате и да си ги купите! Се гледаме на филм“, се вели во најавата за настанот.