Македонската CS:GO репрезентација ќе се натпреварува за пласман на светско првенство

Македонската CS:GO репрезентација ќе се бори за одбрана на европскиот трон со репрезентациите на Холандија, Унгарија и Чешка со натпревари што ќе ги одигра на 4 јуни, информираат од македонската еспорт федерација.

Членови на репрезентацијата се Јане „aidKiT” Апостолоски, Дамјан „kyxsan” Стоилковски, Александар „CacaNito” Ќулукоски, Даниел „dan1” Глигоров и Павле „stYleEeZ” Стојановски.

Првиот натпревар за пласман н се игра против Холандија во 13:00 часот. Вториот натпревар се игра против репрезентацијата на Чешка во 15:00 часот, а третиот натпревар се игра во 17:00 часот против екипата од Унгарија.

Натпреварите на Европското првенство се особено важни бидејќи истите воедно претставуваат и регионална квалификација за Светското првенство, ќе се одвива во два дела, онлајн и плејоф фазата која ќе се одвива офлајн во Орадеја, Романија.

Натпреварите ќе бидат пренесувани на официјалниот канал на федерацијата на платформата Твич.