„Луло роза“ е најголемиот розов дијамант откриен во последните 300 години

„Луло Роза“ е името на 170-каратниот розов дијамант кој е најголемиот дијамант откриен во последните 3 века. „Би-Би-Си“ јавува дека станува збор за редок дијамант кој тежи 34 грама, а кој е пронајден во рудникот „Луло Роза“ во Ангола, Африка по што и го добил своето име.

Дијамантот припаѓа на групата „2а“ дијаманти, што значи дека содржи малку или воопшто не содржи нечистотии.

„Луло Роза“ е петтиот дијамант по големина пронајден во рудникот „Луло“.

Розовите дијаманти се исклучително ретки, но и многу цврсти и тешки за обликување.

Најголемиот розов дијамант кој е откриен досега е познат како „Дарија и Нур“. Дијамантот бил откриен во Индија, а експертите веруваат дека бил исечен од уште поголем камен.

Дијамантот „Кулинан“ е најголемиот дијамант досега откриен, независно од својата боја, што бил пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Истиот тежи 3.107 карати, што е повеќе од половина килограм и е исечен на 105 различни камчиња. Најголемото од нив е дел од кралската колекција на накит.