Ликовен конкурс за ученици на тема „Воздухопловни летала на иднината“

Агенцијата за цивилно воздухопловство и Министерството за образование и наука распиша ликовен конкурс на тема „Воздухопловни летала на иднината“  за учениците од основните училишта во држвава.

Конкурсот е поделен во две категории: за ликовна творба со која може да конкурираат ученици од 7 до 12 години, и за ликовна творба во 2-Д или 3-Д, со свои креативни дела,  за ученици од 13 до 15 години.

Агенцијата ги охрабрува сите млади креативци од земјава да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат придонес во изразување на личниот талент и визија, како гледаат на перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование, е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и АЦВ, преку организација на серија од настани и активности.