Лансиран првиот агрегатор за поткасти во Македонија

Поради брзорастечкиот број на поткасти кои се појавија во Македонија, Анекта заедно со Блинк Маркетинг и медиа решиja да го лансираaт првиот поткаст агрегатор во земјава – podcasts.mk.

Креаторите објаснуваат дека ваков агрегатор веќе постои во Србија, додека кај нас има повеќе агрегатори на вести кои граѓаните веќе со години ги користат и можат да видат и прочитаат вести од сите медиуми на едно место.

„На пазарот недостасуваше едно ‘збирно место’ за поткастите кои од ден на ден се сѐ повеќе, а веќе следиме тренд на традиционални медиуми кои исто така почнаа да ги продуцираат за да стигнат до поголема и поразлична публика“, посочуваат креаторите.

Тие објаснуваат, podcasts.mk служи како централизиран простор каде корисниците можат лесно да откријат и чујат нови поткасти. Наместо да пребаруваат низ поединечни веб-страници или платформи, корисниците можат удобно да пристапат до широк спектар на содржина на едно интегрирано место.

„Агрегаторот ќе го оптимизира подкастинг искуството со зачувување на драгоцено време за слушателите/гледачите. Дополнително редоследот на епизоди и категоризација на поткастите ќе помагне на слушателите да го структурираат својот начин на консумирање на содржина, обезбедувајќи подобро персонализирано и организирано искуство“, посочуваат тие.

Една од главните предности на првиот поткаст агрегатор, дополнува тие, е неговата компатибилност со различни уреди и оперативни системи. Овој пристап на различни платформи овозможува на корисниците да уживаат во своите омилени поткасти лесно, без разлика дали користат смартфон, таблет, компјутер или друг уред.

„Дополнително се ќе се ажурира во реално време. Ова гарантира дека слушателите/гледачите веднаш се известуваат за последните изданија, без потреба  рачнo да проверуваат за секој поткаст поединечно. Како и другите  агрегаторите така и овој ќе игра критична улога во поддршката на стратегии за монетизација на поткасти. Со привлекување на голема база на корисници, овие платформи стануваат привлечни за реклами и спонзори, обезбедувајќи на креаторите можност за заработка“, соопштуваат креаторите на агрегаторот.

Бојан Шашевски