Лабораторија од Канада го создаде најмалиот Снешко – висок 2,7 микрони

Најмалиот Снешко на светот има само 2,7 микрони (0,0027) висина. Направен е од научници на Факултетот за нанофабрикација при Западниот Универзитет во Онтарио, Канада. Научниците објавиле фотографии од своето дело на нивниот блог на Tumblr.

Три силиконски сфери од 0,9 микрони биле сместени една врз друга за да го состават телото на снешкото, а неговите очи и уста обиле создадени со фокусиран јонски зрак. Рацете и прчестиот нос исто така биле додадени, а се направени од платина. За споредба, човечко влакно е дебело 75 микрони.

Претходниот рекорд за најмал Снешко бил 10 микрони (0,01) милиметар, направен во 2009 година во Националната физичка лабораторија во Лондон.