„Крпен живот” – животни стории на текстилните работнички

Видеото ги прикажува животните приказни на две текстилни работнички преку споделување на нивните искуства за прекршувањата на работничките права од страна на работодавачите, со кои работничките секојдневно се соочуваат.

Изработено е од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување”, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.