„Контрола на власта“ – Најдобрите карикатури за Светскиот ден на печатот

Медиумските карикатуристи од целиот свет го комбинираа хуморот, сатирата и трагедијата за да го изразат својот став за слободата на печатот.

Кампањата е заедничко дело на УНЕСКО, карикатуристот „Планту“ и меѓународната организација „Карикатури за мир“ (Cartooning for Peace), основана од поранешниот Генерален секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан. Тие се здружија втора година по ред за одбележување на Светскиот ден на слобода на печатот.

Темата за 2018 година е „Контролирање на власта: Медиуми, правда и владеење на правото“. Преку оваа порака треба да се нагласи улогата на медиумите и судството во контрола на власта и одбрана на слободно, независно и квалитетно новинарство за подобро општество.

Низ карикатурите, организациите посочуваат дека застануваат во одбрана на слободата на изразување, во период кога авторите и новинарите се соочуваат со многу закани по нивната слобода, должноста за информирање на граѓаните и критичкото известување.

УНЕСКО кампањата на социјалните мрежи ја води преку хаштазите #WorldPressFreedomDay #PressFreedom и #SupportCreativity. Во продолжение погледнете ги карикатурите избрани за оваа година: