Конкурс за најдобра стрип корица на меѓународниот фестивал „Стрип трип“

Единствениот македонски „Стрип трип“ фестивал, кој ќе се одржува на 8 и 9 јуни во МКЦ, објави конкурс за најдобра стрип корица.

„Време е да ја размрдаме стрип-културата во Македонија и да докажеме дека имаме ценети таленти“, велат од фестивалот.

Темата на конкурсот е „Самураи во твојот град“, за која наскоро ќе има повеќе детали.

Заинтересираните треба да ги праќаат своите дела во димензии по сопствен избор, но од фестивалот сугерираат тоа да бидат  А3 на 300 dpi.

Во однос на возраста – нема ограничување.

Адреси за праќање на дела за конкурс: makstripovi.ngo@gmail.com, или Здружение „Макстрипови“, ул. „13 Јули“, бр. 1. 1000 Скопје.

Рок за испраќање: заклучно со 26 мај 2024 година.

Награди: парични и непарични, поддржани од Стрип книжарница Бункер.

„Селектираните дела ќе добијат своја изложба во рамки на фестивалот, кога и ќе се прогласат победниците“, велат од фестивалот.

За сите прашања и дополнителни информации, може да се пратат порака на Фејсбук-профилот на Стрип трип, или на  makstripovi.ngo@gmail.com.

„Ви посакуваме среќа, а наскоро и повеќе информации за фестивалот“, велат организаторите.