Концертот на европскиот креативен оркестар вечерва го отвора 43. „Скопско лето“

Културно-уметничката музичка манифестација „Скопско лето“ започнува денес и по повод светскиот ден на музиката пограмата ја отвора концертот на европскиот креативен оркестар при институтот „ФАМЕ’С“ што ќе се одржи во салонот на Национална опера и балет.

Утре ќе на малата сцена во Македонскиот народен театар со почеток во 20:30 ќе се одигра меѓународно наградуваната театарска претстава „Нема да биде крај на светот“. Во четврток (23 јуни) на малата сцена во МНТ во 20:30 часот повторно ќе може да се проследи урнебесната комедија „Торонто експрес“.

На 25 јуни (сабота) во 20:00 часот во галеријата „Ко-Ра“ ќе се отвори изложбата „Природа на математиката“ од Пол Ванг, уметник од САД. 43. „Скопско лето“ ќе заврши со музичка изведба на џез пеачот на Ори Даган што воедно прави и  европска промоција на неговиот албум „Click right here“. Концертот ќе се одржи во 21:00 часот на Плато Ист гејт мол.

Целата програма и подетално информации може да се најдат тука.

 

Годинешното „Скопско лето“ е реализирано од Град Скопје, Министерство за култура и Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје