Промоција на зборникот Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија

„Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија“ е нов зборник на трудови истражувања за првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“ што ќе биде промовиран во петок (28 октомври) во 12:00 часот во во Музејот на Република Северна Македонија–Скопје.

Настанот го организира Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Република Северна Македонија и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

„Зборникот тематски и критички пристапува на историјата на списанието ‘Македонка’, а го изготви тим од пет истражувач(к)и, и тоа Ивана Хаџиевска (политичка историја), Јана Коцевска (социјални аспекти), Дарко Леитнер-Стојанов (образовни процеси), Мања Величковска (книжевни аспекти) и Христина Иваноска (уметничко истражување). Во зборникот се застапени релевантни излагања на регионални истражувачки, низ предговорот на д-р Ивана Пантелиќ (Институт за современа историја на Србија, Белград) и поговорот на д-р Јелена Милинковиќ (Институт за литература и уметност, Белград)“, велат од ЦИНИК.

Во рамки на промотивниот настан ќе се биде отворена и изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, што  е дел од програмата на „Прво па женско 10“, а како што информираат организаторите, ќе има и тркалезна маса насловена „Перспективи на истражувањето на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“: индивидуална, институционална и јавна димензија“ по повод промоцијата на зборникот на научни трудови.

„Зборникот тематски и критички пристапува на историјата на списанието ‘Македонка’, а го изготви тим од пет истражувач(к)и, и тоа Ивана Хаџиевска (политичка историја), Јана Коцевска (социјални аспекти), Дарко Леитнер-Стојанов (образовни процеси), Мања Величковска (книжевни аспекти) и Христина Иваноска (уметничко истражување). Во зборникот се застапени релевантни излагања на регионални истражувачки, низ предговорот на д-р Ивана Пантелиќ (Институт за современа историја на Србија, Белград) и поговорот на д-р Јелена Милинковиќ (Институт за литература и уметност, Белград)“, велат од ЦИНИК.

Присуството на настанот треба да се најави на е-адресата: cinikskopje@gmail.com.

Настанот се организира во рамки на проектот Архиви на невидливите на ЦИНИК-Скопје, поддржан од Фондација Хајрих Бел и Министерство за култура на Република Северна Македонија.