Концерт на виртуозот на виолина Роман Симовиќ со Македонската филхармонија

„Чајковски и Бетовен“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 31 јануари (среда) во 20 часот.

Како солист ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти – Роман Симовиќ (1981), моментно концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар, а во исто време е ангажиран и како концерт-мајстор со Марински театар и со Минхенската филхармонија.

Симовиќ за македонската публика ќе го изведе еден од најпопуларните концерти за виолина, виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.

Диригент овој пат е нашиот маестро Борјан Цанев, а оваа вечер ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 од музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.