Концерт на „Foolish Green“ во МКЦ

Целовечерен концерт во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе одржи бендот „Foolish Green“, кој генерално се фокусира на инструментална музика која ги меша влијанијата од рокенролот и психоделичниот поп.

Концетрот ќе се одржи на 4 мај, среда, со почеток во 21 часот, а ќе претставува и промоција на нивниот нов албум „Soul revival“.

„Фулиш Грин се повеќе од десетина години на локалната и европската сцена, а минатата година го издадоа албумот ‘Soul Revival’ кој ќе биде презентиран во живо, но ќе бидат отсвирени и голем дел од песните од претходните изданија“, велат организаторите, кои дополнуваат дека по полноќ, небото ќе почасти една полноцветна месечина.

Тие истакнуваат дека и по повод 10 јубилејни години од  од издавањето на првиот албум „Escape“, посетителите ќе имаат можност повторно да се „подружат и поџемаат“ со екипата од „Фанки Фреш“, диџеј Гоце и диџеј Чваре, ЛД Пистолеро, Р.О.Н.И.Н. од „Легијата“ и Рутсмен од „Conquering Lion“.

Билети се пуштени во претпродажба на билетарницата на МКЦ и онлајн, по цена од 400 ден, а организаторите дополнуваат дека картите на влез ќе чинат 500 денари.