Комисијата за заразни болести препорача да се врати задолжителното носење маски во здравствените установи

Задолжително носење маски во здравствените установи ќе препорача Комисијата за заразни болести (КЗБ), соопшти денеска нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ.

Целта на мерката, како што посочи Мехмедовиќ е да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што има загрозени групи, кои може да бидат подложни на тешка компликација како резултат на инфекција со коронавирусот.

Препораката за задолжително носење маски во здравствени установи, како што најави тој, ќе биде доставена до Министерството за здравство и ресорниот министер.

Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и во домовите за стари лица.