Книжевен клуб за деца во Europe House со Ана Голејшка Џикова

Europe House од Скопје на 28 февруари (среда) од 18:30 часот организира Книжевен клуб за деца.

„Ве покануваме на книжевно и игриво дружење со Ана Голејшка Џикова, овојпат на една убава, женска тема која ќе го разбуди детското љубопитство и желба за раскажување. Жената има улога на многу места, но најважна во срцето е кога е нечија мајка, баба, тетка, другарка, професорка, поштарка, готвачка… Секаде е важна! Да ја раскажеме приказната на секоја жена и да го одбележиме претстојниот празник во име на сите силни женски улоги што го прават овој свет поубав и подобар!“, стои во најавата за настанот.

Работилницата е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години.

За заинтересираните, задолжителна е пријава за присуство на следниот ЛИНК.