Климатските промени наскоро ќе влијаат и на умереното време

Кога слушаме за климатските промени, вообичаено се работи за екстремните временски услови причинети од глобалното затоплување. Но, освен на поплавите, сушите и ураганите, климатските промени наскоро ќе влијаат и на умереното време.

Истражувачи од Националната океанска и атмосферска администрација и Универзитетот Принстон објавија истражување за глобалните промени во умереното време во текот на наредниот век.

Тие го дефинираат „умереното време“ како температура меѓу 18 и 20 степени Целзиусови, со помалку од 1,3 центиметри врнежи.

Откриле дека секој човек денес ќе преживее 89 денови со умерено време во просек. До 2100 година, луѓето ќе имаат само 78 вакви денови.

Најголемиот пад на бројот на умерени денови ќе се случи во текот на наредните 20 години.

Ова се случува поради климатските промени предизвикани од таложењето на стакленички гасови во атмосферата.

Истражувачите предвидуваат дека ќе изгубиле четири од нашите денови со умерено време на година до 2035 година, глобално.

Овој пад не влијае само на тоа колку често ќе имаме лагодно време, туку влијае и на сообраќајот, земјоделството, настаните на отворени и градбата на инфраструктура.

Истражувачите велат дека се надеваат дека овие информации ќе влијаат на луѓето и тие ќе се пронајдат во нив, бидејќи умереното време е редовна и нормална појава.