Ќе има државни пари уште за фестивалот „Златно славејче“

Само еден пропуст во распределбата на пари утврдила Комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност, која уште еднаш ги проверуваше одбиените проекти. Грешката е направена кај детскиот фестивал „Златно Славејче“, кој иако доставил уредна апликација, беше одбиен за државните субвенции за културата.

Плеурат Гаши, претседателот на комисијата, информираше дека е направен превид кај „Златно славејче“, кој иако доставил потврда за простор каде ќе се одржи фестивалот, од комисијата не го виделе.

За останатите фестивали меѓу кои и Скопскиот џез фестивал, од Комисијата остануваат на ставот дека апликациите им се непотполни.