Кинески научници клонираа мајмун кој е генетски многу сличен на човекот

Кинески научници го клонираа првиот резус мајмун, вид кој често се користи во медицински истражувања бидејќи неговата физиологија е слична на човечката.

Научниците веруваат дека со ова може да го забрзаат тестирањето на лекови, бидејќи генетски идентични животни имаат исти реакции со што ќе се добијат попрецизни резултати.

Претходните обиди за клонирање на резус или беа неуспешни со тоа што воопшто не се родила нова единка или младенчињата умреле неколку часа по раѓањето.

Сексуалната репродукција кај цицачите доведува до потомство составено од гени добиени од таткото и мајката. Во клонирањето техниката е да се креира генетски идентична опија на едно животно. Најпознатото клонирано животно е овцата Доли која беше клонирана во 1966 година. Научниците репрограмираа клетка од друга овца за да ги претворат во ембриони кои се градбени клетки што може да прераснат во било кој дел од организмот. Овие ембриони потоа беа вградени во сурогат мајката на Доли.

Кинеските истражувачи во списанието „Nature communications“ напишаа дека во суштина истото го направиле истото и со резус мајмунот. Иако една група за заштита на животните изрази „длабока загриженост“ за процесот, научниците уверуваат дека животното останало здраво повеќе од две години што значи дека клонирањето е успешно.

Сепак, потпаролот на кралското друштво за спречување суровост кон животните изјави дека организацијата верува дека срадањето на животните ја надминува секоја непосредна корист за човекот.

Резус мајмуните живеат во дивината на Азија со популации во Авганистан, Индија, Тајланд, Виетнам и Кина. Тие се користат во експерименти за проучување на инфекција и имунитет.

Ова не е првпат да се клонира мајмун. Првите макаки мајмуни беа клонирани во 2018 година. Сепак резус мајмуните и натаму остануваат најпосакувани за медицински истражувања поради нивната генетичка сличност со човекот.