Канадските радиодифузери бараат „Мета“ да ја укине забраната за споделување вести во земјата

Група на канадски издавачи и радиодифузери повикаа државниот регулатор да ја одврати компанијата „Мета“ од блокирање на пристап до вести, во време кога властите и технолошките компании се борат за споделувањето на содржините и приходите.

Њуз медиа Канада, канадската Асоцијација на радиодифузери и Радио Канада предупредија дека одлуката на „Мета“ за забранет пристап на Канаѓаните до информативни содржини и вести преку Фејсбук и Инстаграм е бидејќи претставува „антиконкурентно однесување“ и прекршува одредба од федерален закон.

Претходно годинава, канадските власти ја усвоија законската одредба C-12, односно Актот за дигитални вести. Владејачките либерали рекоа дека легислативата треба да помогне да се зголемувањето на приходите на канадските новинари, со тоа што ќе бараат од „Мета“ и компанијата во сопственост на „Гугл“, „Алфабет“ да ги компензираат издавачите за хостирање и поврзување со нивната содржина.

Но, компаниите се откажаа од трошоците поврзани со новите правила. „Мета“ зазеде најстрог став против законот, нарекувајќи го C-18 „нефункционален“ и предупредувајќи дека ќе го блокира пристапот до вестите на Фејсбук и Инстаграм за канадските корисници. Одлуката стапи на сила вчера, на 8 август.

Одлуката на Мета се однесува на канадските содржини, како и на вестите од медиумите, вклучувајќи ги Гардијан, Вашингтон пост и Њујорк Тајмс.

„Законот за онлајн вести се заснова на неточната премиса дека Мета неправедно има корист од вестите што се споделуваат на нашите платформи, кога е обратно. Новинските куќи доброволно споделуваат содржина на Фејсбук и Инстаграм за да ја прошират својата публика и да помогнат во нивната крајна линија“, се вели во соопштението на Мета.

Медиумските експерти предупредија дека со блокирање на угледни новински организации, Мета ќе отвори простор за лажни вести и дезинформации.

„Канада не е првата земја каде што веб-гигантите како Мета се обидоа да ги искористат своите доминантни позиции преку стратегијата за блокирање што Мета ја применува во Канада. Овој тип на стратегии за блокирање или други средства за еднострано диктирање на правилата на играта се широко распространети и може да се видат на глобално ниво. Доколку ѝ се дозволи на Мета да продолжи со одлуката, тоа би можело да нанесе значителна штета на способноста на канадските новински организации да нудат квалитетни вести на Канаѓаните, што е од клучно значење за функционирањето на слободното и демократско општество“, се вели во нивното соопштение.

Групата тврди дека злоупотребувајќи ја својата „доминантна пазарна позиција“, Мета го прекршила членот 79 од Законот за конкуренција на Канада.

Мета ќе го блокира пристапот до вести за корисниците на Фејсбук во Канада по усвојувањето на Законот за медиуми