ЈСП: Студентите од утре треба да имаат продолжен билет за 2021 година или при контрола ќе добијат казна

Oд утре (1.04.2021 год) сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година. Во спротивно, во случај на контрола, ќе им биде пишана казна, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично, посочуваат од претпријатието.

Денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

„ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот“, велат од претпријатието.

Досега во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи првично до 28 февруари, а потоа до 31 март.