ЈСП: Се воведува нова линија, од утре во функција зимскиот возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека од утре (01.09) се воведува нова автобуска линија „111“ на релација Сарај – Радуша.

„Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село“, стои во соопштението од ЈСП.

Автобусите на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниот возен ред:

Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,
Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.

Исто така, од ЈСП известуваат дека од утре јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимен возен ред, односно во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.