ЈП „Лајка“: Спасено кутре кое падна во јама

По пријава на загрижени граѓани тимот на ЈП „Лајка“ беше да спаси кутре кое паднало во јама.

„Не знаеме колку долго била во јамата, но веднаш по пријавата тимот отиде на терен, нејзината здравствена состојба е добра и ќе одмори малку пред да го помине хуманиот третман во нашето прифатилиште. И дадовме име Ина мала убава,  борбена со голема желба за живот и покрај целиот стрес кој го преживеа таа сепак се радуваше на нашиот тим“, соопштуваат од „Лајка“.

Од таму посочуваат дека ќе биде објавена за вдомување и се надеваат дека брзо ќе го најде својот дом.

Фото: „Лајка“