„Jazz Nova“ – прв концерт на Националниот џез оркестар на 23 јануари

На 23 јануари, во просториите на Националната опера и балет, со почеток од 23 часот, ќе се одржи првиот концерт на Националниот џез оркестар.

Со концертот кој започнува во 20 часот, кој ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, како што велат организаторите, свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.

„За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез музиката, но вклучува и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња“, велат организаторите.

Билетите за концертот се достапни на следниов ЛИНК.