Концерт на пијанистката Дуња Иванова на зелениот кров на ГТЦ во вторник

Овој вторник, 15 јуни, со почеток од 19 часот, на зелениот кров на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, ќе се одржи концертот насловен „Сигнали“ на пијанистката Дуња Иванова.

Како што информираат организаторите, на програмата има премиерни изведби на пиесите на истакнатиот филмски композитор Пако Периаго, како и автентични преработки на звуците на бендот „Рејдиохед“ од исклучителниот пијанист и композитор Џош Коен.

Инаку, концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура на Северна Македонија за 2021 година, а настанот се реализира со поддршка на ГТЦ Скопје и во согласност со препораките за заштита од Ковид 19.