Изведба на претставата „Обвинителка“ во петок пред скопската публика

Претставата „Обвинителка“ во изведба на театар „Хит“ ќе се одигра на 22 септември (петок) на цената на Националната опера и балет во 20 часот.

Од театарот велат дека станува збор за комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актуелна тематика.

„Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време. Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот. Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата“, пишува во описот за претставата.

Пиесата е работена по текст на Огнен Неделковски, а во режија на Сашо Ристовски. Сценограф е Крсто Богојевски, костимографија е на Елена Лука, а музиката на Мишел Трајковски.

Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-ЧернихСашо Ристовски и Бранко Атанасов.

Комедијата „Обвинителка“ ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.

Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на mktickets.mk и сите продажни места на mktickets низ државата.